Како што утринава јавуваат медиумите во Италија, се чини дека е готово. Душан Влаховиќ, српскиот напаѓач во Фиорентина уште ова лето ќе се пресели во Мадрид, и тоа во Атлетико Мадрид, шампионот на Шпанија. Сумата која треба да ја платат “јорганџиите“ е 70 милиони евра, и тоа на “виолетовите“ од Фиренца им одговарало.
Со овој тансфер Влаховиќ станува најскапиот Србин во историјата, досега тоа беше Лука Јовиќ кој пред две години од Ајнтрахт Франкфурт се пресели во Реал Мадрид за 63 милиони евра.