Во Битола се гради Дрим тим: Пелистер потпиша Американец

882

Пелистер продолжува со ангажирање на нови засилувања за сезоната во која ќе учествува и во АБА 2-лига. Битолскиот тим го договори Американецот Дејвид Хатон, кој игра на крилната позиција.

Минатата сезона настапувал во тимот на Виена и остварил просек од 9 поени и 8,1 скока. Хатон има искуство во првенствата во Бугарија, Естонија, Финска и Грција.

Пелистер во изминатиот период ги договори Тајлер Чис, Игор Кесар, Љубомир Младеновски, Марјан Младеновиќ, Стојан Ѓуроски и Димитар Караџовски.

ПретходноФудбалерките на Каменица Саса тренираа на комплексот на Јувентус (ФОТО)
СледноЈувентус конечно го заврши трансферот на кој работеше со недели