Драстичен потег на Барса: Лапорта му даде рок на Умтити

349
Самуел Умтити на крајот на минатата сезона доби порака од челниците на клубот дека може да побара нов клуб, бидејќи Роналд Куман нема да смета на неговите услуги.

Каталонскиот гигант на секој можен начин се обидува да се ослободи од него и да го олесни буџетот, но Французинот им прави голем проблем не сака да си оди. Тој имаше интересна понуда ова лето, но ја одби и го налути првиот човек Жоан Лапорта.

Претседателот на Барселона повеќе нема трпение, па му постави ултиматум и му порача дека сигурно ќе се оди без разлика на неговата желба.

Од Барса му дадоа седум дена да се договори со Лион, во спротивно сами ќе го решат овој случај. Каталонски спорт објави дека Барселона, доколку Умтити не договори трансфер во рок од седум дена же го раскине договорот со него на своја штета.

ПретходноЈувентус конечно го заврши трансферот на кој работеше со недели
СледноКадетките на прием кај претседателот Пендаровски: Вие сте наша нова гордост