Интер тргна по напаѓач на Волфсбург

272

Дојде Един Џеко како замена за Ромелу Лукаку, меѓутоа Интер сака уште повеќе да ги засили напаѓачките редови. „Нероаѕурите“ имаа желба да го донесат Дуван Запата од Аталанта но тоа тешко ќе оди, меѓутоа миланскиот клуб има и втора варијанта – напаѓачот Вут Вегхорст, пренесува „Скај спорт Италија“.

Се работи за 29-годишен фудбалер кој има одиграно 10 натпревари за Холандија и три гола. Тој има договор со Волфсбург со 2023 година, а неговата цена е помеѓу 15 и 20 милиони евра. Минатата сезона тој постигна 25 гола и 9 асистенции во 41 натпревари. Претходно играше за АЗ Алкмар.

ФОТО: Twitter/VfL Wolfsburg EN/US

ПретходноЌе го урне ли Лукаку во Челзи проклетството на бројот 9?
СледноПресврт во случајот Џака: Швајцарецот останува на „Емирати“ до 2024 година!