Кадетките на прием кај претседателот Пендаровски: Вие сте наша нова гордост

157

Женската кадетска репрезентација на Македонија најави нови убави денови во овој спорт. Од ЕХФ шампионатот во Литванија овие девојки се вратија со пехарот и со златен медал, направија вистински бум, ги освоја срцата не само на македонските фанови, туку и на цела Европа. Покажаа како се игра за својата татковина, како се пее химната на својата татковина.

Нивната игра не остана ненаградена од првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, кој денеска огранизираше прием по враќањето од Литванија, а потоа заедно со кадетките заминаа на прием кај претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

ПретходноДрастичен потег на Барса: Лапорта му даде рок на Умтити
СледноТриумфално деби на Бошковски на клупата на Пролет