Каратистите подготвени заминуваат на ЕП во Тампере

175

Карате федерацијата на Македонија денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт одржа прес конференција пред поаѓањето на младинската репрезентација за 48-то Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори кое што ќе се одржи од 20 до 22 август во Тампере, Финска.

Поради почитување на сите превентивните мерки од COVID-19 на пресот присуствуваше помал дел од репрезентацијата и тоа тренерите-селектори Александар Кузмановски во борби и Стојан Андриевски во кати, како и натпреварувачите Бојан Костов во борби и Каролина Јанчовска во кати.

Директорот Наумче Мојсовски им посака успех на репрезентативците со надеж дека на кратојот од ова Европско првенство сите заедно ќе се израдуваме на нови значајни резултати.

Александар Кузмановски истакна дека е задоволен од подготвеноста на репрезентативците во дисциплината кумите по последните одржани заеднички тренинзи и се надева дека и овој пат ќе се вратат со медали и од ова првенство.

Стојан Андриевски напомена дека каратистите во дисциплината кати поминаа подготвителен период на две локации и дека е задоволен од изработеното и верува дека и тие на ова првенство ќе го дадат нивниот максимум да се претстават во најдобро светло.

На ова Европско првенство се пријавени вкупно 1008 натпреварувачи од 45 земји. Нашиот тим по категории ќе настапи во следниот состав:

Во борби

Кадети машки:

  1. Марио Димчевски, -52 кг,
  2. Или Билали, -57 кг,
  3. Вукашин Јовановиц, -63 кг,
  4. Лука Конески, -70 кг,
  5. Андреј Басаров, 70+ кг,

Кадети женски:

  1. Ива Пецевска, -47кг,
  2. Михаела Мишовска, -54кг,
  3. Ера Коџа, 54+ кг,

Јуниори машки:

Матеј Белистојаноски -55 кг,

  1. Бојан Костов -61 м кг,
  2. Љупче Михајлов, -68 м кг,
  3. Андреј Ангеловски, -76 м кг,
  4. Стефан Стојановиц, 76+ м кг,

Јуниори женски

  1. Канита Бериса, -48 кг,
  2. Рудина Алиу -53 кг,
  3. Јована Мицовска -59 кг,
  4. Јусра Адеми 59+ кг,

Помлади сениори – У21 машки:

  1. Абдурахим Идриз, -60 м кг,
  2. Столе Смилковски, -67 м кг,
  3. Марио Свинарски, -75 м кг,
  4. Бобан Џамѓозов, -84 м кг,
  5. Бериз Куртановиќ, 84+ м кг.

Помлади сениори – У21 женски:

  1. Марија Петровска, -50 кг,
  2. Марија Милева, -55 кг,
  3. Магдалена Божиноска, -61 кг,
  4. Симона Симовска, 68+ кг,

Во кати:

Јуниори машки

  1. Давид Спасовски,

Помлади сениори – У21 машки:

  1. Александар Неделковски,

Помлади сениори – У21 женски:

  1. Каролина Јанчовска,

Ката тим машки кадети-јуниори

  1. Давид Спасовски,
  2. Христијан Андриќ,
  3. Андреј Пешков.

Ката тим женски

  1. Јована Манчевска
  2. Данка Стојкова
  3. Стефанија Гроздановска
ПретходноМакедонија почнува против Црна Гора на Меморијалот „Чајка“ в четврток
СледноШвајцарците победија, утре против Словачка и минимален пораз не носи понатаму