Голема радост ни приредија нашите ракометарки до 17 години, кои носејќи го дресот на репрезентацијата на Македонија, го освоија златото на ЕХФ шампионатот во Литванија. Секако дека на овој огромен успех горди се сите и во Ракометната федерација на чело со претседателот Живко Мукаетов.
А тој како голем вљубеник во ракометот, но и како прв човек на Федерација, ги пречека ракометарките во Скопје, кои со себе ги донесоа и златните медали.