Мукаетов: За вас девојки – ГОЛЕМО БРАВО!

171

По големиот успех на нашата женска кадетска ракометна репрезентација, по освојувањето на првото место на ЕХФ шампинатот во Литванија, денеска во нивна чест, прием приреди првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

Тој од срце им се заблагодари на девојките…

По она што вие го направивте на овој турнир посебно сме горди. Јас би сакал лично да ви се заблагодарам. Ова е преубав почеток на вашите сениорски кариери кои следат. Тука сме ние како федерација да помагаме, заедно да правиме добро за македонскиот ракомет и македонскиот спорт. Она што вие го направивте, заедно со стручниот штаб, заслужува – ГОЛЕМО БРАВО. Се откажавте од одмори, цело лето бевте професионални само да направиме нешто многу важно за Македонија“ потенцираше првиот човек на РФМ.

ПретходноРФМ со премија за ракометарките и стручниот штаб по 31.000 денари!
СледноМендеш го понудил Роналдо на Сити!