Ни Интер, ни Наполи – Емерсон ќе игра во Франција

415

Италијанскиот репрезентативец Емерсон Палмиери ќе го напушти Челзи меѓутоа не се враќа на Апенините, ниту ќе игра за Интер, ниту за екс-клубот Наполи, туку ќе ја продолжи својата кариера во француската Лига 1. Тренерот на Челзи Томас Тухел ги задржи Маркос Алонсо и Бен Чилвел и тие се негов прв избор за позицијата лев бек, а Емерсон е вишок па мора да си оди

А Емерсон е на чекор до трансфер во седумкратниот француски првак Лион. Французите се сериозни во намерите да го донесат фудбалерот кој е роден во Бразил, а според „Калчомеркато“ преговорите се при крај.

Засега не се открива за каков трансфер станува збор, дали позајмица со можност за откуп или директен трансфер.

ПретходноБаер во еден ден потврди два трансфери вредни 13 милиони евра!
СледноЛШ: Динамо против Шериф во Тираспол, Монако на мегдан со Шахтјор