Јапонската тенисерка Наоми Осака го напушти Ролан Гарос откако доби казна од 15.000 долари поради тоа што не се појави на конференцијата за медиуми по првото коло. Тогаш наведе дека прашањата на новинарите им создаваат немир и се чувствува неудобно и нема повеќе да доаѓа на конференции. Јапонката се бори со депресија и анксиозност.
Сепак, Осака одлучи да се појави на конференцијата за медиуми во пресрет на Мастерс 1000 турнирот во Синсинати, а потоа се расплака на прашање на новинар.
„Како тоа да профитираш од тоа што си позната медиумска личност, а не сакаш да зборуваш со новинарите?“, ја праша новинарот Осака која се расплака и ја напушти салата.
По неколку минути после молба се врати и одржа говор, се разбира не го одговори поставеното прашање. Менаџерот на тенисерката Стјуарт Дугуид го нарече новинарот насилник.