ПМФЛ: Утре на стадион само вакцинираните и прележаните на Ковид-19!

591

Од утре стапуваат на сила новите, порестриктивни мерки во однос и на посетата на нашите фудбалски стадиони. Па така сите оние кои ќе сакаат да присуствуваат на шесте стадиони на кои ќе се игра прволигашки фудбал, ќе мора со себе да понесат доказ дека се вакцинирани, или пак дека имаат прележано од Ковид-19. Инаку останува на сила мерката дека капацитетите на стадионите може да се пополнат само до 30%. Ова на своите официјални социјални мрежи го објавија и самите клубови кои утре ќе бидатд домаќини.

Инаку утре од 17 часот, во рамките на 3.коло во новата сезона во ПМФЛ се среќаваат Работнички – Струга ТЛ, Тиквеш – А. Пандев, Ренова – Борец, Брегалница – Шкендија, Македонија ЃП – Скопје и Пелистер – Шкупи.

ПретходноМендеш го понудил Роналдо на Сити!
СледноАнчелоти со објава на „Твитер“ стави крај на шпекулациите за Роналдо