Реал (М) во операција да донесе пет ѕвезди, практично, за џабе!

962

Француски ПСЖ ова лето направи вистински дрим-тим со доведувањето на неколку усклучително големи ѕвезди, почнувајќи од Лео Меси и Серхио Рамос, па преку Хакими, Вајналдум и Донарума. Но, најгламурозниот клуб во светот, Реал (М) нема да седи со скрстени раце и уште од сега најави дека следната сезона дрим-тим ќе има и на „Сантијаго Бернабеу“.

Угледниот „АС“ денеска објави дека Реал има операција со која планира да донесе бесплатно дури пет навистина фантастични играчи, но не оваа, туку следната сезона. На радарот на Флорентино Перез се Антонио Ридигер (Челзи), Пол Погба (Манчестер Јунајтед), Леон Горецка (Баерн) и Едуардо Камавинга (Рен). Како шлаг на тортата тука е и Килијан Мбапе од ПСЖ. На сите им истекуваат договорите во јуни, па Перез планира да донесе пет фантастични засилувања практично за џабе.

Во Реал, ова лето веќе го донесоа Дејвид Алаба бесплатно.

ПретходноРоналдо по најавата дека ќе се врати во Реал: Не можам да дозволам луѓето да си играат со моето име
СледноПовторно покажаа сила: По деветтипат, Суперкупот во витрините на Баерн (М) (ВИДЕО)