Триумфално деби на Бошковски на клупата на Пролет

126

Андон Бошковски имаше триумфално деби на клупата на Пролет, откако славеше со 38-32 на пријателскиот меч со Прилеп. Ова беше прв од неколкуте натпревари што Пролет ќе ги игра во наредниот период како загревање за двомечот со Гранолјерс во квалификациите за Лигата на Европа.

Првото полувреме донесе израмнета игра, а на одмор се замина со предност на Пролет од минимални19-18. Клучната позитива беше направена во првиот дел од второто полувреме, па на десет минути до крајот резултатот гласеше 32-22. Тренерот Бошковски им даде шанса на сите ракометари, а малиот пад на концентрацијата во финишот им овозможи на противниците да ја намалат негативата, за конечн 38-32.

Џонов беше најефикасен во редовите на Пролет со девет гола, осум постигна капитенот Андоновски, а седум пати прецизен беше Аларов.

Следен предизвик за избраниците на Бошковски ќе биде контролниот дуел со вториот тим на Еурофарм Пелистер.

ПретходноКадетките на прием кај претседателот Пендаровски: Вие сте наша нова гордост
СледноДали Меси и Мбапе вака ќе функционираат и на натпревар? (ВИДЕО)