Женскиот тим Каменица Саса утре и официјално почнува со мечевите од квалификацискиот турнир од годинешната Лига на Шампиони. Македонскиот првак се најде во силна конкуренција ќе игра против Јувентус, Сент Полтен од Австрија, како и турски Бешикташ.
Домаќин на турнирот е Јувентус, тимот против кого фудбалерките на Каменица Саса ќе се сретнат на стртот, мечот е закажан за утре со почеток во 15 часот.
Денеска македонскиот клуб тренираше на комплексот на Јувентус, ги направи последните подготовки пред почетокот на европскиот предизвик. Токму за оваа цел ова лето раководството на клубот се засили со неколку интернационалки.
Актуелниот македонски првак е првиот тим од нашата земја кој ќе игра против Јувентус.