По неуспехот во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите, српскиот шампион Црвена Звезда сигурно зачекори кон групната фаза од Лигата на Европа. Во првиот натпревар од двомечот со романски Клуж, белградските „црвено-бели“ славеа со убедливи 4:0 и практично си го обезбедија местото во главната фаза од натпреварувањето.
Головите за Ц. Звезда ги постигнаа павков (5’), Катаи (38’), Бен (68’) и Иванчиќ (77’). Реваншот во Романија се чини ќе биде само формалност.