Од четврток до сабота во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи 45. Меморијален одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. И оваа година турнирот ќе има меѓународен карактер, а ќе биде и финална подготовка за нашата машка одбојкарска репрезентација, која на 1 септември по вторпат ќе ги почне настапите на Европското превенство.
Оваа година на Меморијалот „Чајка“ ќе настапат репрезентациите на Црна Гора, Израел и Словачка, кои ќе бидат одличен тест за нашата селекција предводена од селекторот Душко Николиќ.
Според програмата на турнирот, Македонија в четврток во 1. коло ќе игра против силната селекција на Црна Гора. Мечот ќе започне од 20 часот, а три чача претходно на отворањето на турнирот меѓусебе ќе играат Словачка и Израел.
Во петок Македонија од 20 часот ќе игра со Израел, а на завршницата в сабота против Словачка.
МЕМОРИЈАЛ „БРАНКО ХАЏИИЉОСКИ – ЧАЈКА“
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
ЧЕТВРТОК:
17.00 Израел – Словачка
20.00 Македонија – Црна Гора
ПЕТОК:
17.00 Словачка – Црна Гора
20.00 Македонија – Израел
САБОТА:
17.00 Црна Гора – Израел
20.00 Македонија – Словачка