Италијанскиот репрезентативец Емерсон Палмиери ќе го напушти Челзи меѓутоа не се враќа на Апенините, ниту ќе игра за Интер, ниту за екс-клубот Наполи, туку ќе ја продолжи својата кариера во француската Лига 1. Тренерот на Челзи Томас Тухел ги задржи Маркос Алонсо и Бен Чилвел и тие се негов прв избор за позицијата лев бек, а Емерсон е вишок па мора да си оди
А Емерсон е на чекор до трансфер во седумкратниот француски првак Лион. Французите се сериозни во намерите да го донесат фудбалерот кој е роден во Бразил, а според „Калчомеркато“ преговорите се при крај.
Засега не се открива за каков трансфер станува збор, дали позајмица со можност за откуп или директен трансфер.