Актуелниот германски шампион Баерн (М) по деветтипат е освојувач на германскиот Суперкуп. Вечерва на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд, момците на Јулијан Нагелсман обезбедија победа над Борусија (Д) од 3:1 и со тоа успеаја да го освојат и вториот последователен Суперкуп, откако и минатата година во овој натпревар беа подобри од „милионерите“.
Неизвесниот срарт на мечот со по неколку шанси на двете страни, во 41. минута го донесе и првиот гол. Левандовски во свој стил по уфрлување на Гнабри ја заби топката во мрежата на Кобел за водство на баварците од 1:0, резултат со кој се отиде на одмор.
По само 5 минути игра во второто полувреме, Милер погоди за 2:0. Домашните притиснаа и во 64. минута Марко Ројс успеа да намали на 2:1.
Во моментите кога се очекуваше финален притисок на „милионерите“, кардинална грешка прави Аканџи, кој продаде една топка на 20-тина метри од својот гол, а Левандовски тоа безмилосно го претвори во 3:1 за гостите.