Пресврт во случајот Џака: Швајцарецот останува на „Емирати“ до 2024 година!

191

Швајцарскиот репрезентативец, Гранит Џака нема да го напушти Арсенал затоа што со клубот од „Емирати“ ќе потпише нов договор. Ова лето тој можеше да се пресели во Рома, меѓутоа тој трансфер пропадна, па играчот за врска ќе ја продолжи верноста со „топџиите“ до јуни 2024 година, пренесува „Скај“.

Но не само тоа, Џака ќе добие и значително повисока плата, како и улогата на заменик капитен, со опција за прв капитен, доколку Обамејанг го напушти Лондон.

Инаку Џака пристигна во Арсенал во 2016 година од Борусија Манхенгладбах, а претходно го носеше дресот на Базел. Тој имаше и несогласување со навивачите на Арсенал кои од него бараа да си замине, но од клубот беа решени да го задржат.

ПретходноИнтер тргна по напаѓач на Волфсбург
СледноАнчелоти го враќа Роналдо во Реал Мадрид?