Роналдо по најавата дека ќе се врати во Реал: Не можам да дозволам луѓето да си играат со моето име

338

По најавата на телевизијата „Ел Чирингито“ дека Карло Анчелоти би сакал да го врати Кристијано Роналдо во Реал Мадрид до крајот на летниот преоден рок, денеска со подолго писмо на својот Инстаграм профил се јави лично фудбалерот на Јувентус.

„Ќе го прекршам молкот за да кажам дека не можам да дозволам луѓето да продолжат да си играат со моето име. Останувам фокусиран на кариерата и работата, посветена и подготвена за сите предизвици со кои се соочувам. Оние што ме познаваат знаат колку сум фокусиран на мојата работа. Помалку муабети и повеќе факти, тоа е моето мото од почетокот на мојата кариера. Меѓутоа, во светлината на сето она што беше кажано и напишано неодамна, јас морам да ја откријам мојата позиција. Повеќе од недостиг на почит кон мене како човек и како играч, ме погодија несериозните начини на кои медиумите ја третираа мојата иднина. Мојата историја во Реал Мадрид е напишана. Тоа е историја. Во зборови и бројки, во трофеи и титули, во записи и титули. Се наоѓа во музејот на стадионот Бернабеу и исто така е во главите на сите навивачи на клубот. Знам дека вистинските навивачи на Реал Мадрид и понатаму ќе ме имаат во срцето, а јас ќе ги имам во моето“, напишал Роналдо.

ПретходноШвајцарците победија, утре против Словачка и минимален пораз не носи понатаму
СледноРеал (М) во операција да донесе пет ѕвезди, практично, за џабе!