Скандал во Галатасарај: Го истепа соиграчот на сред меч, па си доби директен црвен картон

2900

Се одиграа неколку натпревари од првото коло на турското првенство, а се чини дека ќе гледаме интересна сезона. Галатасарај го совлада Гиресун со 2:0, но мечот го одбележа инцидент во 63. минута. Фудбалерот на Галата Маркао Тешеира му се фрли на соиграчот Керем Актуркоглу.

На Бразилецот „му се стемни“ и со тупаници го удираше соиграчот, а бргу реагирале другите фудбалери и спречија посериозен инцидент. Главниот судија на Тешеира му покажа црвен картон.

ПретходноУрнебесно: Двегодишно дете влета на теренот за време на меч, мајка му трчаше по него (видео)
СледноЌе го урне ли Лукаку во Челзи проклетството на бројот 9?