Скендери: Среќен сум за головите, но најважно е Струга Трим Лум да победува!

310

Два меча, два гола и четири бода за Струга Трим Лум. Тоа е билансот од првите две кола на младиот напаѓач Емир Скендери. Токму тоа е најзаслужен за ремито во Струмица кај А. Пандев кога беше 1:1, и за победата на Струга ТЛ против Пелистер од 1:0.

Секако дека сум среќен, пресреќен од мојот настап на стартот од новата сезона. Два меча и два гола, тоа е одличен просек за еден напаѓач. Среќен сум што ете му помогнав на мојот тим да дојде до четири бода. Сепак, не сум само јас. За моите голови заслужни се сите во екипата. Сакам да им се заблагодарам на сите и во клубот, и на стручниот штаб, што ми дваат шанса да играм за еден од нашите најдобри тимови во ПМФЛ. Убаво е што постигнувам голови, но најважно е Струга ТЛ да победува“ вели Скендери за Спортмедиа.

Веќе утре, тој и неговите колеги ги очекува тешка задача. Гостуваат во Скопје, на тимот на Работнички.

Тешко гостување. Јас а и сите ние во Струга Трим Лум го респектираме утрешниот противник. Не треба да се трошат зборови за Работнички како клуб со голема традиција. Од друга страна и ние си се цениме себе си. Играме добро, тимот е во добра форма и зошто да не веруваме дека можеме и утре да дојдеме до добар резултат. А, дали и на третиот меч ќе постигнам гол? Е, тоа би било прекрасно“ заврши Емир Скендери.

ПретходноТиквеш ги пушти во продажба билетите за утрешниот меч со А. Пандев!
СледноМукаетов ги пречека нашите “златни“ ракометарки!