Филип Најдовски си оди од Тирана!

1261

Како што дознава Спортмедиа, Филип Најдовски си оди од Тирана, се разделува со еден од најдобрите клубови во Албанија по само една сезона. Инаку Најдовски во Тирана се пресели од Вардар минатото лето, одигра во минатата сезона за “сино – белите“ од главниот град на Албанија, 30 првенствени меча, постигна и два гола. Играше и во евро – куповите, но се чини дека е време за разделба.

Покрај Вардар, со кого освои и титула во ПМФЛ, Најдовски играше и за Напредок, Цементарница, Тетекс и Победа.

ПретходноЛШ: Динамо против Шериф во Тираспол, Монако на мегдан со Шахтјор
СледноНачевски и Николов на прием во АМС, најдобрата судиска двојка добива државна пензија!