Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски денеска и официјално ја продолжи соработката со кипарска Докса.
26-годишниот голман на нашата А-селекција, денеска стави параф на нова соработка со кипарскиот прволигаш заклучно со 2024 година. Шишковски минатото лето замина во Докса од редовите на Работнички, имаше одлична сезона на голот на Докса и со тоа заслужи продолжение на соработката.