Европската ракометна федерација денеска потврди 15 репрезентации кои ќе настапат на Светското првенство за жени до 18 години, кое следната година ќе се одржи во Грузија. Македонскат акадетска селекција која брилјираше на Б-ЕХФ шампионатот во Литванија и го освои првото место, доби настап на шампионатот како 15. европска селекција.
Изборот на тимовите се базира на конечните резултати на годинешното издание на ЕУРО 2021 за играчи до 17 години и женските ЕХФ шампионати.
Меѓу 15-те репрезентации од Стариот континент кои добија право на настап на СП се 13 од Еуро 2021 У17 во Црна Гора, како и победниците на двата турнири на ЕХФ шампионатите во Грузија и Литванија.
Грузија како земја домаќин директно се квалификуваше за Светското првенство. ЕХФ ги потврди како учесници на СП следното лето: Унгарија, Германија, Русија, Данска, Хрватска, Норвешка, Романија, Црна Гора, Швајцарија, Португалија, Франција, Шведска, Чешка, Холандија (победник на ЕХФ шампионатот во Грузија) и Македонија (победник на ЕХФ шампионатот во Литванија).