Кошаркарите со убедлив пораз заверија место во квалификациите за СК 2023

446

Македонската кошаркарска репрезентација со убедлив пораз обезбеди место во квалификациите за пласман на Светски Куп 2023. На последниот дуел од претквалификацискиот турнир, Драган Бајиќ и неговите избраниците беа совладани со убедливи 72-88 од Словачка.

На крајот во кругот од трите селекции со еднаков број на бодови (6), најдебелиот крај го извлече Швајцарија која заврши на третото место во нашата група Ф. Македонија е прва на табелата пред Словачка.

Едно поинакво издание во реваншот на нашите кошаркари. За разлика од првата средба овој пат, темпото го диктираше Словачка, која лесно дојде до водство со кое можеше да се загрози сигурната позитива која не носеше во следната рунда.

Финишот на втората и почетокот на третата четвртина беа фатални за Македонија. Противникот направи серија од 19-0 и поведе со највисоки 32-48 во 23. минута. Нашите кошаркари тешко играа во нападот, а одбраната не функционираше, му отворивме премногу простор на Михаел Фусек, кој беше лидер во неверојатната серија.

Словачка не застана, поведе и со 44-61, ги користеше сите наши слабости, во последната четвртина негативата изнесуваше 15 поени разлика (51-66).

Бајиќ не најде против игра, Словачка продолжи во ист ритам, онаа силна Македонија како да исчезна, во 34 минута негатива се зголеми на 21 поен разлика (56-77). Кошаркарите се разбудија на време, иако играта не беше сјајна, сепак не дозволија разликата да оди над непосакуваната.

Николов со 17 поени беше прв стрелец, зад него беше Мекиќ со 16, 15 имаѓе Крстевски, додека Вајли запиша 14.

ПретходноНе се дава ни на 39 години – Родриго Паласио потпиша за Бреша
СледноБајиќ збесна: „Летаа“ пцовки на последниот тајм-аут (ВИДЕО)