Шампионот се засилува. Имено како што дознава Спортмедиа, Филип Најдовски е пред трансфер во Шкендија. Преговорите меѓу раководството на тетовци и дефанзивецот, кој се уште официјално е член на Тирана, се во завршна фаза, па така се очекува многу бргу трансферот и да се официјализира.
Факт е дека на составот на Бруно Акраповиќ му се потребни засилувања, а Најдовски ќе ја засили Шкендија во стоперската линија, а може да игра и како последен играч за врска.
Во летниот преоден рок, кој уште трае, Шкендија како никогаш досега беше тивка. Освен Тимовски и Билали, тетовци никој друг не ангажира. Па така време е за квалитетни засилувања.
Колку за потсетување, Најдовски пред да замине во Тирана минатото лето, со Вардар успеа да ја освои титулата. И тоа пред Шкендија.