Готово е. Дарко Чурлинов е нов фудбалер на Шалке 04, и следната сезона како позајмен играч на Штутгарт ќе игра за тимот од Гелзенкирхен, во втората по ранг лига во Германија. По Келн и Штутгарт, тимот на Шалке 04 е третиот германски клуб за кој ќе игра нашиот репрезентативен напаѓач.
Дарко во следната сезона ќе го носи дресот со број 7.
“Среќен сум за овој трансфер. Преговорите одеа во добра насока и потоа одлуката беше лесна. Сакам да го дадам својот придонес во новиот клуб“ рече покрај другото на промоцијата Дарко Чурлинов.
Од раководството на Шалке 04 истакнаа дека успеале да донесат добар напаѓач, кој може да игра на повеќе позиции, и му посакаа добредојде во нивниот клуб.