Шериф, душманот на Ц. Звезда и Динамо, пред три години беше “лесен залак“ за еден македонски клуб!

2590

Неколку денови Балканот беше во транс по можниот двомеч во плеј-офот во Лигата на Шампионите меѓу Динамо и Ц. Звезда. Требаше само да се минат некоја си Легија и некој си Шериф.

Но тој Шериф, тим од Молдавија се покажа прво како голема и непремостлива пречка за белградските “црвено – бели“ и ги елиминира во 3.коло во квалификациите во ЛШ, а синоќа просто го уништи Динамо Загреб со 3:0 во првиот меч од плеј-офот во Лигата на Шампионите.

И веројатно молдавците, а не Динамо а уште помалку Ц. Звезда, ќе играат во групната фаза во ЛШ.

Приказната треба да ја вратиме малку назад, пред три години. Тогаш тој Шериф Тираспол беше “лесен залак“ за еден наш, македонски клуб во 2.коло во квалификациите во ЛШ. Тогаш Шкендија без проблеми го елиминира тој тим. Во Скопје беше 1:0, со голот на Бесарт Ибраими. а таму на гости беше 0:0.

И сега, после три години, каде е Шериф, а каде е Шкендија?

Молдавците веројатно се во групната фаза во ЛШ а тетовци пак не можат гол да дадат во Европа, дури и со екипи од типот на Мура или Рига.

А минаа само три години…

ПретходноОфицијално: Откажана трката за ГН на Јапонија во Сузука!
СледноУкраина доби нов селектор!