Лесно и е на Академија Пандев кога во своите редови го има Мартин Мирчевски. Ова беше трет меч сезонава за “пандевци“ и четврти гол за офанзивецот на струмичани. По Струга ТЛ, двапати Работнички, сега на ред дојде и Тиквеш. Прекрасен потег, убав гол во таа 44.минута попладнево во Кавадарцви за водство од 1:0.
Дека не е само Мирчевски во А. Пандев кој знае да даде гол, покажа и Коста Манев, кој само што почна вториот дел, стрелаше за 2:0.
Па така и по 3.коло четата на Александа Васоски е на чело на табелата во ПМФЛ.
А на листата на стрелците Мирчевски е прв со 4 голови, следуваат Селмани со 3, Дориев и Скендери со по 2.