Дерик Роуз во Њујорк Никс и во следните три сезони

230

32-годишниот кошаркар Дерик Роуз и Њујорк Никс денеска официјализираа нов тригодишен договор вреден 43 милиони долари, објави тимот.

Со размена на играчи меѓу Детроит и Њујорк кон средината на минатата сезона, Роуз дојде во дресот на Никс по вторпат во кариерата и имаше просек од 14,9 поени и 4,2 асистенции на 35 натпревари.

„Пристигнувањето на Дерик минатата сезона имаше важно влијание врз успехот на тимот. Тој е одличен кошаркар и соиграч, и десна рака на тренерот Том Тибодо на теренот“, изјави претседателот на Никс, Леон Роуз .

Дерик Роуз беше прв пик на НБА драфтот во 2008 година, а беше избран од Чикаго Булс во чиј дрес беше прогласен за најдобар играч на сезоната во 2011 година.

ПретходноРодман: Наполнив 60 години и не ми се верува дека се уште сум жив
СледноГеоргиевски му покажа на претседателот како се бореше за сребро за Македонија (ВИДЕО)