Со заминувањето на Лионел Меси, „десетката“ во Барселона остана без сопственик, но наскоро сето ова може да се промени.
Според „Мундо Депортиво“, од клубот оваа бројка му ја понудиле на Фелипе Кутињо, кој неодамна дојде на „Камп Ноу“.
Истиот извор пишува дека Роналд Куман е подготвен да му даде уште една шанса на 29-годишниот фудбалер, дури и го подготвил дресот со број 10 кој го носеше Меси. Па Кутињо лесно може да постане нова десетка на тимот.
Бразилецот во Барса дојде во јануари 2018 година од Ливерпул за 160 милиони евра, но не се прослави. Сега ќе има вистинска шанса тоа да го стори и да покаже нешто повеќе.