ЛШ: Дванаесет голови од Јувентус за шампионките од Каменица Саса

252

ФОТО: twitter.com/JuventusFCWomen

Италијанскиот шампион Јувентус не е голем, туку преголем залак за македонскиот женски првак Каменица Саса. Уште на стартот на турнирот во Лигата на шампионите, во Торино избраничките на Зоран Златковски се убедливо поразени од торинскиот гигант кои во своите редови има врвни фудбалерки.

Јувентус славеше победа со 12:0 и се пласира понатаму на турнирот и во следната рунда ќе го чека подобриот од мечот австриски Ст.Полтен и турски Бешикташ. Да потсетиме Каменица Саса како поразена ќе игра за трето место на турнирот против поразениот од гореспоменатиот натпревар на 21 август исто така во Торино.

Што се однесува до натпреварот јасно беше дека Јувентус ќе го води главниот збор, а прашање е колкав отпор ќе пружат нашите фудбалерки. Апсолутна доминација на „црно-белите“ со дури 55 шутеви на голот од кои 12 завршија во мрежата. Нашите девојки не можеа ни да припарат до противничкиот гол.

Во првото полувреме Карусо даде два гола, Росучи и Џирели по еден (4:0), а во вториот дел Бонансеа, повторно Џирели, потоа стрелаа Заманиан, Карусо даде уште еден за заокружување на хет-трик, три гола постигна и Сташкова и на крајот заокржи Бонфантини.

За Каменица Саса играа: Гвоздерац, Георгиева (55’ – Панеска), Јошевска, А.Ристовска, П.Николовска, В.Николовска (33’ – Д.Ристовска), Д.Костова, Андреевска, Чолиќ (80’ – Маринковска), Димитровска, Шопска.

 

ПретходноУкраина доби нов селектор!
СледноБруно не простува: Бесарт на клупа, Алими ни во записник!