ЛШ: Домаќините со минимална предност по првите плеј-оф средби (ВИДЕО)

316

Три домашни победи во вечерашните дуели од плеј-оф рундата во Лигата на шампионите. Бенфика, Јанг Бојс и Малме со предност патуваат на гостувањата следната недела, иако за конечна одлука за пласман во групната фаза ќе одлучуваат следните 90 минути.

Најголема предност од првите 90 минути обезбеди шведски Малме, кој дома славеше против бугарски Лудогорец со 2:0. Малме поведе во 26. минута со голот на Бирманчевиќ, а конечните 2:0 беа дело на бергет во 61. минута.

Во најинтересниот дуел вечерва на Естадио Да Луз во Лисабон, Бенфика обезбеди минимална победа од 2:1 против холандски ПСВ. Португалците почнаа одлично и до полувремето веќе имаа предност од 2:0.

Сепак, упорните гости успеаја да погодат на самиот старт на второто полувреме со еден евро-гол на Гакпо и стигнаа до подносливи 2:1, со кои имаат реални шанси на домашен терен да нападнат на пласман во главната фаза.

Најефикасно беше во Берн каде Јанг Бојс и Ференцварош понудиа вистинска голеада. Швајцарците на крајот славеа со 3:2 и со каква-таква предност патуваат во Унгарија. Елиа (16′), Сиеро (40′) и Гарсија (65′) погодија за победа на Јанг Бојс, додека за Ференцварош прецизни беше Боли и тоа двапати во 14′ и 82′.

ПретходноДобра вест за Ливерпул: Енди Робертсон се опорави и веќе почна со тренинзи (ВИДЕО)
СледноНиколов: Не тактизиравме, целта е оставрена – Македонија го освои првото место