МТК објави: Миовски со повик за А – репрезентацијата на Македонија!

1157

Бојан Миовски, напаѓачот на Унгарскиот МТК и еден од нашите најдобри млади фудбалери, доби повик од страна на новиот селектор Благоја Милевски за А- репрезентацијата на Македонија. И тоа за септемврискиот квалификациски циклус за СП во Катар 2022 година. Да потсетиме, на 2 септември играме дома со Ерменија, три дена подоцна му гостуваме на Исланд, а на 8 сепетмеври се среќаваме во Скопје против Романија.

Ова официјално го објави МТК, а за Миовски ова е деби повик во нашата најдобра репрезентација.

ПретходноРК Вардар утре ќе го промовира својот нов дрес!
СледноОфицијално: Откажана трката за ГН на Јапонија во Сузука!