Бразилскиот одбранбен фудбалер Жуан Жесус е нов член на Наполи со кој потпиша едногодишен договор со можност да биде продолжен на уште една година. На дефанзивецот му истече договорот со Рома и како слободен се пресели на „Сан Паоло“.
Жесус беше член и на Интер и на бразилски Интернасионал, има четири настапи за Бразил и триумф на младинското СП 2011.