Последниот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на Светскиот Куп во 2023 година, на кој вечерва од 19.часот, се среќаваат селекциите на Македонија и на Словачка, ќе се игра без присуство на публика во салата на СЦ „Јане Сандански“.
Македонската кошаркарска федерација направила се за да добие дозвола за организација на овој последен натпревар од претквалификациите со присуство на гледачи, но сепак не успеала во тоа.
По добивањето на препораките, односно најновите мерки за заштита од Ковид-19,донесени од страна на здравствените и државни авторитети, федерцијата одлучи дека стриктно ќе ги почитува најновите одлуки кои се однесуваат на протоколите за организација на официјални натпревари во затворен простор.