Попладнево се одиграа сите шест натпревари од 3.коло во ПМФЛ. Интересни резултати, многу голови и одлично дерби во Штип, каде Брегакница и Шкендија одиграа 3:3. Интересно, Брегалница двапати водеше, во финишот Шкендија имаше водство, но на крајот реални 3:3. Дерби за фудбалски мераци. Дујовски со фантастичен гол во последните секунди ги постави конечните 3:3.
Шкупи држи ритам. Навреме поведе со 2:0, уште во 7.минута, потиоа иако имаше играч помалку во Битола, успеа да го победи Пелистер.
А. Пандев го победи Тиквеш среде Кавадарци со 2:0. Мартин Мирчевски и Коста Манев стрелаа за големи три бода за струмичани.
Ренова очекувано, ги освои трите бода против Борец. Сел,ани и Ајрулаху беа стрелците за победата од 2:0. Конечно екипата од клупата ја водеше Ќатип Османи.
Македонија ЃП со 5:1 го “торпедираше“ Скопје. Прво од пенал Адем ја отвори серија, за да Матеус со прекрасен гол заклучи за 5:1.
Работнички и Струга ТЛ одиграа 0:0, по бод за закому. Се чини реален исход по се она што се случуваше на теренот.
РЕЗУЛТАТИ – 3.КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 3:3
(Алтипармаковски 12., М. Стојанов 63., Дујовски 92. /Азиновиќ (авт) 60., Ибраими 81., Дориев (п) 89.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ 5:1
(Адем (п) 3.,77., Лазаревиќ 12., Попзлатанов 60.. Матеус 82./Демир 34.)
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0:2
(/Радески 1., Алпај (авт) 7.)
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 0:0
РЕНОВА – БОРЕЦ 2:0
(Селмани 5., Ајрулаху 84.))
ТИКВЕШ – А.ПАНДЕВ 0:2
(/Мирчевски 44., Манев 51.)