ПМФЛ: Може ли Брегалница да ја продолжи мизеријата на шампионот?

546

Попладнево со почеток од 17 часот, ќе се одиграат сите шест натпревари од 3.коло во ПМФЛ. Секако дека најинтересно ќе биде под Исарот во Штип, каде домашната Брегалница ја дочекува Шкендија. Јасно е дека на трибините ќе има најмалку 2.000 гледачи, колку што дозволуваат ковид мерките, но прашање е дали Брегалница ќе може денеска да ја продолжи мизеријата на шампионот. Тетовци во првите две кола освоија само еден бод, постигнаа само еден гол. Беа очај.

Дали е време сега конечно да покажат што знаат. Штипските “сини“ пак свесни се за своите квалитети и очекуваат добра игра, доба фудбалска претстава.

Во секој случај ќе биде супер интересно.

ФУДБАЛСКИ ПРАЗНИК ВО КАВАДАРЦИ

Фудбалски празник во Кавадарци. По цели 17 години попладнево во Кавадарци ќе се игра прволигашки натпревар. Тиквеш ја дочекувата екипата на А. Пандев во очекување на триумф над “пандевци“ кои по двете средби во Струмица, денеска за првпат сезонава ќе гостуваат.

Шкупи гостува во Битола, секако дека момците на Гоце Седлоски се апсолутни фаворити, но нели, сепак Пелистер е Пелистер.

Работнички на Арената во Скопје ќе игра, за него секогаш незгодната, Струга Трим Лум. Тука се е можно, секој резултат е во игра, нема фаворити, нема аутсајдери.

Ренова посакува, по триумфот над Шкендија, нова победа, нови три бода и тоа против Борец попладнево под Шара.

Одново, и во ова коло, ќе има скопско дерби. Во Ѓорче се среќаваат Македонија ЃП и Скопје. Не се сомневаме дека ќе биде “жешко“ на овој дуел.

ДВОЈКИ ЗА 3.КОЛО – ДЕНЕСКА (17:00 Ч)

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ

ТИКВЕШ – А.ПАНДЕВ

РЕНОВА – БОРЕЦ

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА

МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ

ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ

ПретходноДевојките на ЖФК Каменица Саса денеска на мегдан со гигантот Јувентус!
СледноБронза за Љубиша Кондев на Европското маунтинбајк првенство во Нови Сад