Пресврт во „сапуницата“ – Мбапе

1858

Откако Лионел Меси дојде во редовите на ПСЖ шпекулациите за заминувањето на Килијан Мбапе станаа погласни. Еден од најдобрите младите фудбалери во светот веќе одамна се најавува како ново засилување на Реал Мадрид.

Францускиот репрезентативец не ја продолжи соработката со ПСЖ, па многумина веруваа дека раководството на клубот ќе мора да го продаде доколку сака да заработи, во спротивно следната година на лето тој ќе замине како слободен играч.

Но, се чини дека до крајот на овој трансфер период нема да се случи ништо. Неофицијално Мбапе ги известил своите соиграчи дека ќе остане во ПСЖ до крајот на оваа сезона.

ПретходноЈокиќ е првиот МВП од 2008 година кој нема да игра за Божиќ
СледноРадески: Респект за Пелистер, сепак Шкупи ќе оди на победа!