РК Вардар утре ќе го промовира својот нов дрес!

949

Утре, со почеток од 11 часот, во Тенискиот клуб Парк, што е во склоп на СЦ “Јане Сандански“, РК Вардар ќе го промовира својот нов дрес со кој ќе настапува во следната 2021/22 сезона.

На промоцијата ќе присуствуваат претседателот на клубот, Михајло Михајловски, потоа ракометарите Тимур Дибиров, Филип Талески, Едуардо Гурбиндо, Бакари Диало и Али Сафар. Се очекува да биде извршена и официјална промоција на Шпанецот Едуардо Гурбиндо, кој последен му се приклучи на некогашниот европски шампион.

После промоцијата ќе следува и прес – конференција на која ќе присуствуваа претседателот Михајловски, потоа тренерот Веселин Вујовиќ, како и ракометарите Тимур Дибиров и Едуардо Гурбиндо.

Како што истакнуваат од РК Вардар, промоцијата и прес – конференцијата ќе бидат одржани со почитување на најновите корона – мерки кои ги донесоа надлежните власти.

ПретходноШалке 04: Добредојде Дарко!
СледноМТК објави: Миовски со повик за А – репрезентацијата на Македонија!