Фантастично дерби во Штип. Резултатот на крајот 3:3. Значи шест голови, многу шанси, пресврти и сето тоа се зачини со мајсторскиот, прекрасниот гол за паметење на Владимир Дујовски. Се играше 92.минута, резултатот беше 2:3 за Шкендија, и тогаш Дујовски распали од околу 26-27 метри. Топката заврши во горниот десен агол, Захов се испружи колку што е долг, сепак мрежата се тресеше.