Она што го најави Спортмедиа, дека во Шкендија е напнато и „жешко“, дека тренерот Бруно Акраповиќ нема намера да им простува на Бесарт Ибраими и Арменд Алими, еве и потврда.
Имено во Штип, на гостувањето кај Брегалница, меч кој во секој момент треба да започне, во стартните единаесет ги нема Бесарт Ибраими и Арменд Алими.Првиот е на клупатам а вториот го нема ни во записник.
Да се потсетиме, на полувремето во неделата,на мечот со Ренова, Акраповиќ и тоа како бил гневен на двајцата и посочил дека тие се најслабите фудбалери на Шкендија во моментов.
Дали ова значи дека Бруно има намера да прави чистка во тимот.