Кејн се чувствува предадено!

687

Хари Кејн го загуби целото трпение што го имаше за Тотенхем и неговиот претседател Даниел Леви, пренесува „Daily Mail“.

Англискиот репрезентатиец е разочаран бидејќи клубот го прекрши ветувањето. На Кејн му беше кажано дека ќе може да го напушти тимот доколку Тотенхем не се пласира во Лигата на шампионите минатата сезона, што не се случи, но сега Леви сепак не го пушта во Манчестер Сити.

Тој се најде во лоша ситуација, Тотенхем бара околу 190 милиони евра, а Сити сака да даде 150 милиони за капитенот на Англија. Кејн верува дека раководството на клубот намерно ја зголемува цената, се обидува да избегне предговори и покрај тоа што неговото заминување е најавено пред 18 месеци.

Кејн не беше во составот на Тотенхем за дуелот со „граѓаните“, што пак предизвика револт кај фановита на овој тим и покрај тоа што неговите соиграчи славеа на оваа средба.

ПретходноИ Серхи Роберто се согласи на помала плата за да и помогне на Барса да излезе од кризата
СледноФилип Најдовски пред трансфер во Шкендија!