Комичен автогол на мечот во Битола (видео)

629

Во рамките на 3. коло на ПМФЛ во Битола играат Пелистер и Шкупи. Гостите од Скопје водат со 2:0 по првите 10. минути. Отворија чаирчани уште во 50-тата секунда од натпреварот, а потоа го зголемија водството со комичен автогол на „пелистерци“.

Дефанзивецот Крстевски во обид да расчисти пред својот гол го погоди својот соиграч Алпај кој стоеше пред него и топката заврши во голот. Голманот на битолчани само ја прослети топката како се тркала во мрежата.

ПретходноБруно не простува: Бесарт на клупа, Алими ни во записник!
СледноПолувреме: Алтипармаковски ја начна Шкендија, чаирчани водат под “Тумбе Кафе“ со 2:0 (ВИДЕО)