Не се дава ни на 39 години – Родриго Паласио потпиша за Бреша

315

Аргентинскиот напаѓач Родриго Паласио нема да се пензионира, туку се одлучи за нова авантура. Иако има 39 години, сепак, нема намера да го остави фудбалот, а денеска потпиша договор до јуни 2022 година со италијанскиот второлигаш Бреша.

Паласио има 27 натпревари за Аргентина, а остави длабок белег во аргентинскиот и италијанскиот фудбал. Играше за Банфилд, потоа четири години за Бока Јуниорс од каде замина во Италија, прво во Џенова (2009-2012), потоа во Интер (2012-2017). По завршување на договорот со Интер, продолжи во Болоња каде остана четири сезони.

И покрај возраста, не се предава, ќе им помогне на „лавовите“ да се вратат во Серија А.

ПретходноЕХФ ПОТВРДИ: Македонија ќе игра на СП за кадетки следната година!
СледноКошаркарите со убедлив пораз заверија место во квалификациите за СК 2023