ОФИЦИЈАЛНО: Локатели во Јувентус за 35 милиони евра!

168

Комплетиран е трансферот на италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели од Сасуоло во Јувентус. Двете страни постигнаа договор. Играчот од средниот ред отиде во Торино на двегодишна позајмица со тоа што Јувентус има обврска по истекот на истата да го откупи договорот на фудбалерот за 35 милиони евра (тогаш ќе биде продолжен до јуни 2026 година).

Локатели има 23 години и е дете на Милан. Иако беше член на „росонерите“ три сезони, не се изнаигра, па отиде во Сасуоло каде се разви во вистински лидер. Стигна и до италијанската репрезентација, а беше член на екипата која го освои ЕУРО 2020.

Јувентус доби квалитетен плејмејкер.

ПретходноПМФЛ: Во Штип дерби за мераци, на крајот 3:3, “пандевци“ го расплакаа Кавадарци, Шкупи со три бода (ВИДЕО)
СледноРаботнички – Струга ТЛ 0:0: Кога и двете екипи се задоволни со по бод!