Лионел Меси ќе дебитира за ПСЖ во четвртото коло од француската Лига 1, односно следниот викенд. Навивачите на „светците“ ќе мора да бидат трпеливи уште десет дена до дебито на Лео.
Сигурни извори од Франција денеска пренесуваат дека Маурисио Покетино не сака да брза со Меси, кој започна да тренира оваа недела. Викендов ќе го прескокне гостувањето кај Брест, па треба да дебитира на „Паркот на принцовите“ на 29 август против Ремс.