Реал го продаде Одегард во Арсенал за 40 милиони евра

273

Офанзивниот играч за врска Мартин Одегард повторно ќе игра за Арсенал, открива италијанскиот новинар Фабрицио Романо, кој се прослави со безгрешните информации во врска со трансферите во фудбалот во Европа.

Арсенал ќе му плати на Реал нешто помалку од 40 милиони евра за услугите на норвешкиот интернационалец, кој вториот дел од минатата сезона беше позајмен на „Емирати“ и беше стандарден под водство на Микел Артета.

Спортскиот директор Еду и менаџерот Артета сакаа Одегард да остане на „Емирати“, тогаш не се договорија со Реал Мадрид, па зделката стигна дури сега па се очекува трансферот да го објават во наредните часови.

Подетално, играчот треба да потпише договор на пет години, односно до јуни 2026.

 

 

ПретходноЌатип Османи: Задоволни сме од победата, но секогаш може и подобро!
СледноЕХФ ПОТВРДИ: Македонија ќе игра на СП за кадетки следната година!