Мартин Одегард својата кариера ќе ја продолжи во Арсенал. Мадридскиот АС ексклузивно објави дека Норвежанецот тренирал одделно од тимот и дека само чека зелено светло за да отпатува за Лондон.
Одегард веќе неколку дена преговара со Арсенал, нема да прави проблем околу личните услови, сака да се врати во Лондон каде ги помина изминатите шест месеци на позајмица.
Микел Артета му гарантира на Одегард повеќе минути од Анчелоти и многу поважна улога, во неговата омилена формација 4-2-3-1.
Реал наводно бара 40 милиони евра, Арсенал најверојатно ќе се обиде да ја намали цената, но договорот практично е готов.
АС исто така додава дека Реал би сакал да го продаде Иско, но дека засега нема конкретни понуди. Можеби Милан би можел да го доведе на позајмица, но не се почнати никакви преговори.
Арсенал се надева дека ќе може да го регистрира Одегард за дербито со Челзи кое на програмата е во недела.